За време на конференцијата Google I/O, директорот за безбедност на Android – Дејвид Кла зборуваше и за претстојните промени во политиката за надградби на оперативниот систем.
Во моментов, Google прави промени во договорите за лиценцирање со производителите на со кои ќе се бара во иднина ажурирањата за безбедност да им бидат доставени редовно на корисниците. Во моментов не се познати повеќе детали околу фреквенцијата на задолжителните надградби кои производителите ќе имаат обврска да ги обезбедат.
Google обезбедува безбедносни надградби на Android на почетокот на секој календарски месец. Моментно производителите одлучуваат кога и како тие да стигнат до нивните уреди.
Повеќето предводници обично добиваат надградби релативно брзо, додека моделите од пониските ценовни категории се ажурираат на поголеми интервали или воопшто не го добиваат новиот софтвер, што ги изложува корисниците на дополнителни ризици.