Потрошувачката на електрична енергија потребна за одржување на крипто валутата биткоин се искачила на 2,55 гигават часови на годишно ниво, што е двојно повеќе од енергијата што се трошела за „копање“ биткоини пред само шест месеци.
Според списанието Грист, потрошувачката на енергија за биткоин валутата до крајот на годината ќе се удвои во споредба со сегашното ниво, со што биткоинот ќе почне да троши 0,5 проценти од светското производство на електрична енергија. Доколку ова лудо темпо на раст на биткоинот продолжи во 2019 година, до крајот на годината за оваа валута ќе се трошат 1,8 проценти од светското производство на струја, односно целата струја што се произведува од соларната енергија.
Валутата е замислена така да е потребно по компјутерски пат да се решаваат се поголем и поголем број комплицирани математички задачи, а на секои 10 минути корисникот кој предничи во решавањето задачи добива биткоини. Овој процес се нарекува копање на биткоин парички, и преку него се регулира количеството на валутата која е во оптек, но во исто време се троши огромно количество енергија за софистицирани компјутерски системи кои се ангажираат за решавањето на задачите. Професионалните копачи на биткоин парички постојано инсталираат нови компјутерски системи за да се натпреваруваат со своите соперници, со што постојано расте потрошувачката на струја.
Поврзани артикли