Новоформираната кинеска подружница на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, под името „Тесла Шангај“, ќе биде насочена на електричните возила и нивните резервни делови и батерии.
Досега Tesla веќе подолго време најавуваше дека сака да воспостави производство на електрични возила во Кина и да заземе водечко место на брзорастечкиот кинески пазар на електрични возила, бидејќи на тој начин би се избегнале увозните царински давачки.
Засега, филијалата се занимава само со продажба и научно истражувачки работи, така што и натаму сите автомобили на овој бренд кои се продаваат во Кина, се произведени во САД.