Несреќата во која животот го загуби 48-годишен возач од Германија се случи на автопат во Швајцарија и е само една во низата на сообраќајќи на Tesla автомобили што се случија во последните неколку недели
Германски државјанин со својот Tesla автомобил удри во заштитната ограда на автопат во Швајцарија, а возилото потоа целосно се запали и потполно изгоре, а возачот почина.
Швајцарски пожарникари пренесуваат дека пожарот најверојатно го предизвикале погонските батерии, кои се оштетиле од јачината на ударот и потоа се запалиле.
После несреќата, се огласи и портпаролот на Tesla, кој изрази длабоко жалење поради оваа несреќа и додаде дека компанијата работи на утврдување на сите факти и им нуди полна соработка на локалните власти.
10 maggio – #incendio autovettura in autostradaL'intervento di giovedì scorso ha visto i nostri #pompierivolontari alle…
Posted by Pompieri Bellinzona on Вторник, 15 мај 2018
Најновата несреќа е една од неколкуте сообраќајни незгоди кои се случија во последно време, а во кои учествуваа Tesla автомобили и кои се уште се под истрага.
Во петокот, во американската сојузна држава Јута, Model S на Tesla удри во камион на противпожарна служба при брзина од околу 100 километри на час, при што возачот се здоби со повреда на нозете, а засега не е утврдено дали возилото се наоѓало во автономен режим на возење во моментот на несреќата.
Првиот човек на компанијата, Елон Маск, на социјалните мрежи ги критикуваше медиумите поради сензационалистичкото известување во врска со овој случај.
It’s super messed up that a Tesla crash resulting in a broken ankle is front page news and the ~40,000 people who died in US auto accidents alone in past year get almost no coverage https://t.co/6gD8MzD6VU
— Elon Musk (@elonmusk) May 14, 2018
Aмериканскиот национален совет за безбедност во сообраќајот (NTSB) истражува уште две трагични несреќи во кои учествуваа автомобили на Tesla.
Една од нив се случи минатата недела, која Model S удри во бетонски ѕид во Флорида и се запали. Во оваа несреќаа загинаа два тинејџера, а NTSB и Tesla наведуваат дека причина за несреќата најверојатно не е откажување на автопилотот во возилото.
Извор: B92.net
Поврзани артикли