Климата на нашата планета била драстично променета пред 700 милиони години, како една од неколкуте необични епизоди на глобално ладење на Земјата. Овој студен период обично се нарекува „Snowball Earth“, период во кој нашата планета е покриена од пол до пол во огромно количество мраз и снег.
Научниците сметаат дека имаат точна теорија за причините кои довеле до пукање на тектониката на плочите. Уште од нејзиното формирање, кората претрпела тектонски движења, но меѓу 800 и 600 милиони години, суперконтинентот Родонија почнал да попушта. Периодот се совпаѓа со статусот „Snowball Earth“, но за научниците на Универзитетот во Тексас во Далас и Остин, ова не е случајност. Како што е соопштено во списанието Terra Nova, тимот испитал 22 можни причини за глобално ладење и открил дека сите од нив би можеле да бидат ефекти од тектониката на плочите.
Не постои начин науката точно да знае кога земјената кора се распаднала на плочи, но науката има консензус во ставот дека тоа се случило меѓу 3 и 3,5 милијарди години. Оваа нова студија сугерира една понова транзиција кон тектонските плочи меѓу 800 и 600 милиони години во средината на неопростетичкиот период.
Научниците од Универзитетот во Тексас тврдат дека кршењето на Земјината кора мора да било катастрофален настан и сигурно создало глобални последици, од кои едната е „Snowball Earth“
Поврзани артикли