Fujifilm ја најави новата квадратна аналогна Instax камера која звучи како симпатичен подарок за посебни прилики. Се нарекува Instax Square SQ6 и станува збор за инстант филмска камера со сооднос 1:1, што секоја фотографија ја прави во формат 2.4-2.4 инчи.
Instax Square SQ6 камерата има опција автоматски да се подесува на различно изложување на светлина, така што нема потреба рачно да се регулира.
Исто така, поседува и сензор за детекција на светлината од околината, што соодветно би ја прилагодила брзината на блендата. Доаѓа со три филтри на бои- портокалова, виолетова и зелена- кои можат да се наместат врз блицот за поинкаов изглед на фотографијата.
Поседува и селфи опција која го прилагодува фокусот и светлината за подобро зголемување. Камерата има мало огледалце до леќата кое помага при фотографирањето. Доколку посакате да сликате поголема група на луѓе постои и опција со тајмер од 10 секунди и држач, па можете да направите сопствен сталак за камерата.
Може да активирате и други опции, со двоен клик на копчето за сликање може да ја иксористите опцијата на двојна експозиција, која ви овозможува да сликате две слики како една. Постои и макро опција за фотографии од блиску, до 12 инчи, и опцијата за пејзаж.