Комерцијална банка претстави нова Mastercard® Wizz Air кредитна картичка, која е првата и единствена кобрендирана картичка со авиокомпанија во Македонија, известуваат од банката.
Новата картичка ги нуди сите бенефиции на кредитна картичка прифатена секаде во светот, а со неа корисникот добива предности и бонуси што се достапни преку специјалната Програма за лојалност:
- Гратис 600 поени за добредојде (1 поен е еднаков на 1 денар)
- Бесплатно групно членство во WIZZ Discount клубот за пониски цени за корисникот на картичката и за 5 патници кои патуваат со него (редовна цена од 60 евра годишно)
- Бонус поени со секое купување:
- 4% од износот на трансакција направена на www.wizzair.com
- 2% од износот на сите други трансакции
- Дополнителни картички за најблиските и многу други поволности
Сите детали за картичката и Програмата за лојалност се достапни на следниот линк, а аплицирањето се врши преку експозитурите и филијалите на Комерцијална банка.
Поврзани артикли