Ако некогаш сте добиле порака од непознат број која ве заинтригирала, сега постои начин да откриете од кого е.
И додека порано беше можно да се открие кој стои зад непознат број со негово вметнување во Фacebook, по што би излегол профилот на лицето поврзан со него, оваа опција повеќе не е достапна.
За цела среќа, постојат и други социјални мрежи кои можат да ви помогнат, како Snapchat.
Иако Snapchat многумина воглавно го користат за испраќање фотографии, се работи за прилично добра детективска алатка.
За да тргнете во потрага, отворете ја пораката и додајте го бројот во своите контакти. Слободно дадете му чудно име бидејќи само привремено ќе биде во вашиот именик.
Кога тоа ќе го завршите, отворете го Snapchat. Притиснете ја малата Snapchat икона во горниот лев агол на Snapchat камерата.
Притиснете ја Add friends опцијата и потоа изберете Contacts tab. Оттаму скролајте низ листата Snapchaters in my contacts за да го пронајдете вашето чудно име кое пред малку му го дадовте на мистериозниот број.
Ако тоа лице користи Snapchat, ќе се појави неговото име, како и дисплеј името на Snapchat.
Ако имате среќа, ќе се појави целосното име, а ако тоа е е случај, секогаш на интернет можете да го прогуглате неговото корисничко име за да видите дали го користи уште некаде и да ги поврзете информациите кои ќе го откријат идентитетот.