Некои од најчестите грешки се потпирање на мобилниот телефон на кожата, носење во предниот џеб од панталоните, или под перница.
Иако е многу удобно и многу луѓе тоа го прават, да се носи телефон во задниот џеб на панталоните не е препорачливо бидејќи телефоните имаат екрани осетливи на допир, па многу лесно може да се случи нешто што не сте го планирале. Исто така, можете лесно да го заборавите и скршите или загубите.
Не го носете ни до кожата. бидејќи неговата површина содржи бактерии, па може да предизвика настанување на акни и други болести на кожата.
Високите температури исто така се штетни за електронските уреди. Не се препорачува да го оставите својот телефон во автомобил или на плажа каде е изложен на сонце или на некој друг извор на топлина.
Ако надвор е студено и температурата паѓа под нула, водете сметка за својот телефон и не оставајте го долго на улица или во автомобил. Разликата во температурата е многу штетна за уредит бидејќи доаѓа до кондензација кога ќе го вратите на топло место, а тоа може да доведе до дефект. Својот мобилен телефон можете да го заштитите со маска.
Не го чувајте телефонот ни под перница. Ако во текот на ноќта често ви пристигнуваат известувања, а екранот засвети, тоа негативно влијае на производството на мелатонин и доведува до проблеми со спиење.
Исто така, имаше случаи на екплозија на телефонот и пожар. Кога ќе го покриете телефонот со перница, ги зголемувате шансите за прегревање и избивање на пожар, посебно во текот на полнењето. Подобро е да го полните подалеку од себе, својот кревет и другите луѓе, а по можност никако преку ноќ-