Microsoft конечно одлучи да го реши еден од најголемите проблеми на Notepad – збрчканиот текст од другите оперативни системи.
Notepad постои колку и Windows и всушност доаѓаше со Windows 1.0 во далечната 1985. година.
Меѓутоа, на Microsoft му беа потребни 33 години за да го реши еден од најиритантните проблеми кои ги има Notepod – неможноста за правилно прикажување на сите текстуални фајлови.
Иако на некого ова може да му звучи смешно, во прашање беше фрустрацијата за сите кои пробуваа да отворат фајл кој е создадена на Unix, Linux или macOS.
Како што Micrоsoft објасни на својот блог за програмери, Notepad поддржувал текст документи кои имале три типа на карактери кои го завршувале редот. Во прашање се Windows End of Line, Carriage Return i Line Feed.
Ако текстот ги користел овие карактери, Notepad ги прикажувал како што треба, во спротивно…
Текстовите во гореспоменати оперативни системи користат поинакви карактери. Кога ќе пробате да ги отворите во Notepad, добивате вистински хаос наместо средени реченици.