Домашните и странските туристи се одговорни за осум отсто од емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, што е четирипати повеќе пред неколку години, е објавено во најновата студија на Универзитетот во Сиднеј.
Туризмот, вклучувајќи ги летовите, хотелите, храната, па дури и продажбата на сувенири, емитувал еквивалент од 4,5 милијарди јалгероден диоксид во 2013 година или осум отсто од сите штетни гасови чиј извор е човекот. Тоа е зголемување во однос на 3,9 милијарди во 2009 година.
Меѓународната асоцијација за авиосообраќај соопшти дека се очекува вкупниот број патници да биде двојно зголемен, на 7,8 милијарди годишно до 2036 година. „Препорачуваме помалку летови и што повеќе луѓето да останат на земја и да користат јавен превоз“, рекол Арунима Малик од Универзитетот во Сиднеј.
Главниот автор на студијата, Манфред Лензен, рекол дека авионските билети би требало да бидат многу поскапи, што би покажало каква штета предизвикуваат гасовите.
Поврзани артикли