На годинашата Google I/O конференција за програмери, Извршниот директор на компанијата Сундар Пичај ги остави сите без здив при демонстрацијата на Google Duplex – асистент со вештачка интелиганција кој е во состојба да извршува телефонски повици и да го води разговорот, наместо вас.
– Денеска го најавуваме Google Duplex, нова технологија за вовење на природни разговори со кои ги решаваме проблемите од “вистинскиот свет” преку телефон. Технологијата е наменета за завршување на одредени задачи, како што е закажување на состаноци. За таквите обврски, системот пробува да го води разговорот што е можно поприродно и луѓето со него можат да зборуваат нормално, како што тоа би го правеле со друго лице и без никаква потреба да се адаптираат на машината, стои на блогот што го објави Google.
When the robots take over, we can at least take comfort in the memories of all the haircuts Google booked for us #GoogleIO pic.twitter.com/txQqJjiguf
— Karissa Bell (@karissabe) May 8, 2018
Google Duplex во следните недели ќе почне да се појавува кај одредени корисници како експеримент.