Google за време на I/O конференцијата објави дека системот ќе погодува кои апликации, функции и информации сакате да ги користите во текот на денот
Следната верзија на Android која е позната како “P” ќе воведе револуционерен систем на предвидливи апликации наречен “Actions and Slices.”
Новиот систем е планиран да ги однесе предвидувачките апликации, кои сега предлагаат кој софтвер ви е потребен, на следно ниво. Корисникот со новите апликации ќе добива предлози за специфични опции и информации што сака да ги користи.
За време на презентацијата во рамки на I/O конференција, Google појасни како поточно ќе изгледат и ќе работат новите апликации.
Презентерот на својот смартфон покажа две кратенки, едно копче да ја повика Марија, а другото да ја активира апликацијата за вежбање Strava. Actions апликацијата ќе ја прегледува вашата историја и шема по која би ги користеле апликациите, така што ќе ви дава предлози претпоставувајќи според тоа кога најчесто одите на трчање или пак сурфате вести на интернет додека се возите накај работа.
Actions исто така ќе има преглед и на гаџетите што ги приклучувате на вашиот телефон. Кога ќе ги ставите слушалките, апликацијата автоматски ќе ви предложи неколку од вашите омилени Spotify плејлисти.
Google, исто така, извести дека предлозите на Actions ќе се појавуваат во Google Assistant, Google Search, the Play Store како и посебните полиња со текст. Тоа значи дека дека кратенките до апликациите или информациите ќе се појавуваат насекаде низ оперативниот систем.
Actions исто така ќе има посебна верзија со интерактивни UI (Кориснички Интерфејс) елементи. На пример ако напишете “превоз” нема само да видете кратенки за истоимената апликација, но исто така ќе добиете предлози и кратенки за да викнете превоз до дома предложен спрема оддалеченоста, буџетот и време кога треба да стигнете до посакуваната дестинација.
На почеток, Slice ќе биде достапна само преку Google Search. Програмерите за да ја овозможат оваа функција, ќе мора да развијат нов интерфејс на апликацијата кој што ќе може да одговара на високата комплексност што ја нуди сервисот.
Различните можности што ќе ги нуди новата апликација се порачувањето на омиленото кафе со еден клик или резервирањето на хотелска соба.