Хибридниот хеликоптер SureFly кој го произведе Workhorse го изврши првиот лет со пилот. Workhorse е познат по производство на електрични камиони, но сега е во центарот на вниманието поради хибридниот хеликоптер, односно патнички дрон кој го изврши својот прв лет со пилот надвор од Синсинати во Охајо. Тоа се смета за огромен успех за леталото, чија крајна цел е да превезува патници, односно две лица по лет. Досегот на хеликоптерот е околу 120 километри.
– Луѓето сакаат нешто во својата гаража што можат да го користат за летање. Правиме се за SureFly да биде посигурен од автомобилот на патот кон вашата дестинација, изјави директорот на компанијата Стив Бурнс.
Хеликоптерот SureFly би требало да биде во употреба до 2020. година, а би можел да му биде ривал на концептот на Uber на електрично воздушно такси и да се употребува на фармите, во превозот или за потребите на болниците.