iMac компјутерот на Apple е претставен во 1998. година, а вчера беше обележана 20. годишнината од уредот. Извршниот директор на компанијата Тим Кук јубилејот на популарниот all-in-one компјутер го одбележа со комеморативна порака на Twitter.
20 years ago today, Steve introduced the world to iMac. It set Apple on a new course and forever changed the way people look at computers. pic.twitter.com/GbKno7YBHl
— Tim Cook (@tim_cook) May 6, 2018
Компјутерот прв пат беше прикажан на 6. мај, 1998 година, а го претстави тогашниот легендарен Извршен директор и соосновач на Apple, Стив Џобс. Оригиналниот модел за тоа време имаше радикален all-in-one дизајн, CRT монитор и CD-ROM драјв, а компонентите беа сместени во проѕирно куќиште со јајцевиден облик. Системот имаше 233MHz PowerPC процесор, 4 GB хард диск и се продаваше по цена од 1300 долари во САД.
Оригиналниот iMac бепе прв производ, кој произлезе од соработката на Џобс и Џони Ајв (главниот дизајнер во компанијата Apple). Успехот на iMac беше клучен катализатор во ренесансата на компанијата Apple, која предводеше Стив Џобс, а во следната деценија пристигнаа iTunes, Apple Store, iPod и iPhone.
Откога беше претставен оригиналниот модел, iMac линијата продолжи да еволуира и напредува, пасега имаме 21-инчен и 27-инчен модел со рамен LCD екран и неспоредливо помоќни перформанси.
Поврзани артикли