Денеска беше одржана свечена церемонија на која рускиот претседател Владимир Путин положи заклетва, откако во март повторно е избран за претседател. На свеченоста пристигна во новата претседателска лимузина, која е произведена во Русија и која само што ја имаше својата премиера.
Автомобилите од оваа генерација се развиени во програмата „Кортеж” и сега ги заменува германските автомобили кои претходно ги користеа руските претседатели.
Русија не ги користеше домашните автомобили за превоз на руските функционери уште од времето на СССР. Поради тоа, проектот „Кортеж” е работа на престиж и ги демонстрира технолошките и индустриски можности на Русија.
Сите светски медиуми ја пренесоа веста за новиот блиндиран автомобил на Путин, а сите се согласија дека нема конкуренција и дека е апсолутно достоен за еден руски претседател. Само неколку нации користат автомобили од домашно производство за превоз на своите функционери.
Првиот странски модел кој е користен за превоз на руски претслдател беше Mercedes S класа, W140 варијанта, кој беше купен во време на Борис Јелцин. Заменет е со моделот W220, а подоцна и со моделот W221.
Претседателската лимузина мора да биде отпорна на куршуми, да има специјални гуми и да има многу комуникациска опрема. Претседателскиот автомобил обично го следи полиција на мотори и серија на возила во вид на поддршка.
Погледнете го видеото: