Промоцијата важи од 01.05. до 30.06.2018 година и се однесува на UHD и QLED моделите на телевизори од серијата M и N
Во изминатите 13 години, компанијата Samsung е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на Smart TV платформата, за кои компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.
Со цел да им овозможи на потрошувачите дополнителна сигурност и да им покаже колку ја цени нивната верност, Samsung подготви нови промотивни активности, со кои компанијата овозможува продолжена гаранција од 5 години за UHD и QLED моделите на телевизори од 2017 и 2018 година, од сериите М и N. Исто така, покрај оваа гаранција од 5 години, Samsung овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на прегорување (“burn-in“ ефект) за сите QLED модели плус моделите од сериите М и N.
Продолжената гаранција ќе може да ја искористат оние потрошувачи кои ќе купат од одбраните модели на Samsung UHD или QLED ТВ уреди во период од 1. Мај до 30. Јуни, 2018 година.
За да може да ја искористат оваа поволност, потрошувачите треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk.
Сите заинтересирани, во рамки на оваа веб-страница, може да ја погледнат деталната листа на уреди опфатени со оваа промоција, или да добијат дополнителни информации за истата јавување во Центарот за грижа за корисници на Samsung, на следниот телефонски број: (+389 2) 3 207 777.