Свинските мозоци прв пат биле успешно зачувани во живот надвор од телото за време на новиот контроверзен експеримент кој на луѓето еден ден ќе им овозможи бесмртност.
Мозоците од повеќе од стотина свињи успеале да преживеат до 36 часа по декаптирањето на главите, соопштиле истражувачите од универзитетот Јеил.
Новиот експеримент би можел да го отвори патот до трансплантација на мозоци и да им овозможи на луѓето во иднина да станат бесмртни, со поврзување на нивните мозоци со вештачки системи, кои би ги одржувале во живот по пропаѓањето на телото.
Доктор Ненад Шестан го претставил новиот метод на научниот собир на националниот институт за здравје во Бетесди во Мерилен.
Научниците успешно успеале да ги отстранат главите на 100 до 200 свињи и да ги оживеат нивните мозоци по одвојувањето на главата од телото.
Органите биле поврзани со системот наречен “Brainex”, кој клучните делови на мозокот ги снабдувал со крв богата со кислород. Системот ги задржувал и хемикалиите кои спречуваат создавање на отоци.
I have been thinking about this "pig brain in a vat" thing, and frankly it horrifies me. https://t.co/i9QFCbdGpX
— David Cox (@neurobongo) April 28, 2018
Доктор Шестан навел дека за време на експериментот било откриено дека милијарди мозочни ќелии биле живи и здрави, и дека постои можност мозоците бесконечно долго да се одржуваат во таа состојба.
Следниот чекор, истакнува, би бил враќање на свеста. Неурологот наведува дека тимот засега уште не се обидел да го изведе тоа, бидејќи станува збор за “многу непознат терен”.
Овој експеримент е многу значаен бидејќи постојат големи сличности меѓу начините на функционирањето на свинскиот и човечкиот мозок, велат научниците.
Сепак, многумина не биле воодушевени од експериментот. Многу интернет корисници го оцениле како неетичен.
“Ова е чисто зло. Целосно отсуство на емпатија”, истакнал еден од коментаторите. “Можете ова да го сметате за успех единствено како сте доктор Менгеле”, навел друг.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли