Официјално лице на FBI изјави дека криминалците намерно користеле мали дронови со цел на попречување на спасувачки тим кој решавал заложничка криза. Дроновите спречувале надзор на ситуацијата, поради што FBI загубил визуелен контакт со осомничените.
Заложничката криза се случила во предградие на Денвер во текот на зимата, FBI постави опсервациска положба на височина за да ја следи ситуацијата, но изненадно се појавија дронови изведувајќи серија ниски прелети при голема брзина со цел да ја спречат работата на агентите.
Употребата на дронови за криминални цели е се почеста појава, а неретко се користат за криумчарење дрога и смартфони во затворите. Полицијата е загрижена дека криминалците би требало да почнат да користат дронови и на други начини.
“Како дел од секое оперативномнпланирање за јавни настани, полицијата сега размислува и за злонамерна употреба на дронови, како и за тоа како ќе одговори на тој ризик. Ризикот е се поголем, па поради тоа нешто и ќе направиме”, соопшти Националниот совет на шефовите на полицијата.
Во 2015. година криминалците користеа дронови за извидување на потенцијални мета грабежи во Суфолк, а минатата година на сајтот Vice е објавен документарец за луѓето кои користеле дронови со сензори за топлина за да крадат марихуана од илегалните фарми скриени во станбените објекти.
Во САД дроновите воглавно се користат за криумчарење на дрога. Мексиканските картели со дронови криумчарат дрога преку границата веќе десет години.
Поврзани артикли