Истражување на италијански археолози покажа дека во гробницата на Тутанкамон, сепак, нема скриени комори, објави египетскиот министер Мостафа Вазири.
„Радарските снимки од гробницата потврдија дека нема одаи, врати или скалила. Тоа ја побива теоријата дека во внатрешноста на гробницата на Тутанкамон се наоѓаат премини или тајни простории“, вели Вазири.
Нешто порано, британскиот египтолог Николас Ривс, истакна дека детални фотoграфии и снимки од северниот ѕид на гробницата, укажуваат на постоење на тајни простории и премини.
Сега се шпекулира дека Ривс сугрерирал на тоа дека би можело да станува збор за гробницата на кралицата Нефертити, жената на таткото на Тутанкамон.
Тутанкамон беше еден од последните кралови од 18 династија.
Неговата гробница откриена е во 1992 година и е единствено откритие меѓу фараонските гробници во Долината на кралевите во Луксор, поради изобилството на луксузни предмети кои се пронајдени во неа.
За разлика од поголемиот број на другите гробници, гробот на Тутанкамон никогаш не е ограбен.
Извор: Kurir.rs