Корисниците на Twitter се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата.
Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг” којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки.
Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.
Twitter ги штити шифрите така што ги претвора во кодирана комбинација од цифри и букви, но овој „баг” довел до тоа – лозинката да биде видлива пред да се процесира тоа „маскирање”.