По неколку месеци полни со шпекулации, компанијата LG конечно го претстави новиот адут на пазарот на смартфони – G7 ThinQ.
Скоро сите информации кои ги добивме во последниот месец се точни и телефонот доаѓа со бонус копче за асистентот на Google, а го има и популарниот „notch“.
Сите камери на овој телефон имаат предност во однос на другите телефони во тоа што користат вештачка интелигенција (AI) и таа ќе им помогне за полесно да препознаваат предмети и лица, како и да ја изменат сликата.
Телефонот ќе вибрира секогаш кога ќе забележи предмети од типот на луѓе, животни, растенија или пак зајдисонце. Од LG тврдат дека камерите на G7 се четирипати посветли од оние на G6 и можат да сликаат во затемнета просторија при минимално светло.
LG G7 ThinQ има Qualcomm Snapdragon 845 процесор, 6,1-инчен екран и двојна 16-мегапикселна камера на задниот дел, како и 8-мегапикселна камера на предниот дел. Што се однесува до меморијата, тој има 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија, а телефонот доаѓа со батерија од 3.000 mAh. На задниот дел се наоѓа сензорот за отпечатоци, а на страната се наоѓа копчето на кое се вклучува телефонот.
Сепак, двете најинтересни и нови работи кај LG G7 ThinQ се посебното копче кое служи за да се активира Google Assistant и популарниот „notch“, кој стана познат откако Apple го ставија на нивниот iPhone X.
Notch-от може да биде исклучен или вклучен, во зависност од тоа дали преферирате да го користите целосниот екран на телефонот или сакате тој да го има овој впечатлив контролер. Исто така, G7 нуди избор на бојата на неговиот notch, па така ќе можете да одберете некоја од неколкуте варијанти.
LG не понуди универзална цена за G7 ThinQ, туку остави добавувачите да ја одредат цената онака како што налага пазарот.