Замислете ја топлината на звукот на плочата надополнета со подобра веродостојност на снимката и најновата технологија. Тоа е суштината на ветувањето за „грамофонските плочи со висока резолуција“ кои наскоро ќе можат да се најдат на вашите грамофони. Во 2016-та година беше патентирана технологија според која би се изменил начинот на снимање на грамофонските плочи, а тоа ќе допринесе за поголема јачина на звукот, поголем распон на фреквенцијата, подолги снимки, како и поверодостојна репродукција на самиот звук. Австриската компанија Rebeat Innovation има добиено финансиска помош од 4.8 милиони долари за истражување и развој на ваквата технологија, која би можела да ги донесе првите HD грамофонски плочи на пазарот веќе во 2019-та година.
Што точно би биле HD грамофонски плочи? Аудиото се претвора од аудио фајл со висока резолуција во 3Д топографски жиг, кој ќе претставува главна плоча која ќе се користи за правење на отпечаток на жлебовите во самата плоча. Од тука, мапата е гравирана на плоча од керамика и снимката е отпечатена со помош на материјали од керамија, а со тоа ќе се добие еднаков резултат кај првата и кај последната направена копија. Според основачот Gunter Loibl, новиот процес ќе овозможи зголемување на должината на снимката за околу 30%, зголемување на јачината од 30%, како и поточна репродукција на снимката. Новиот формат на плочи ќе биде употреблив и на актуелните грамофони. Наредниот чекор на компанијата е отворање на 5 тест локации за производство на плочите и планираат технологијата да биде достапна оваа есен.
Продажбата на грамофонските плочи постојано се зголемува во последните години, па во 2017-та година во САД се продадени околу 14 милиони плочи, што е зголемување од 9% од претходната година. Грамофонските плочи во HD можеби ќе допринесат во дополнително зголемување на продажбата
Поврзани артикли