Основачот на популарната мобилна апликација WhatsApp, 42-годишниот милијардер Јан Коум, објави дека го напушта Facebook, кој ја купи неговата апликација пред четири години. Заминувањето го објави токму на Facebook.
“Мина речиси една деценија откако Брајан Актон и јас го лансиравме WhatsApp и тоа беше чудесно патување со некои од најдобрите луѓе. За мене е време да продолжам понатаму”, напиша тој во статусот на својот профил на Facebook.
“Заминувам во време кога луѓето користат WhatsApp на повеќе начини од што можев да замислам. Тимот е посилен од било кога и ќе продолжи да прави чудесни работи. Ќе земам некое слободно време за да правам работи во кои уживам надвор од технологијата, како што се собирање на ретки автомобили Porsche со воздушно ладење, работење на моите автомобили и играње на ултимејт фризби”, додаде основачот на WhatsApp и досегашен член на надзорниот одбор на Facebook, во необично искрената објава за еден корпоративен менаџер.
It's been almost a decade since Brian and I started WhatsApp, and it's been an amazing journey with some of the best…
Posted by Jan Koum on Понеделник, 30 април 2018
Изгледа дека соочен со скандалот околу кражбата и злоупотребата на податоци од страна на консултантската компанија Cambridge Analytica во која се најде и неговата компанија, одлучи дека не сака да биде дел од овој контроверзен интернет гигант. Коум за заминување размислуваше и минатата година, загрижен за количината на податоци кои Facebook ги собира за своите корисници.
Да потсетиме, коосоновачот на WhatsApp, Брајан Актон, неодамна поради скандалот со Cambridge Analytica, кратко и јасно порачл: “Време е! Избришете го Facebook”.