Тастатурата на вашиот компјутер е вистинско легло на бактерии.
Австралиските научници открија дека даската на wc шолјата има педесетина бактерии на два квадратни сантиметра, додека тастатурата која ја делат повеќе луѓе има 400 пати повеќе бактерии.
Во една болница во Чикаго е откриена високоотпораната бактерија MRSA на тастатурата, која може да преживее 24 часа. Во болница во Холандија проучувале стотина тастатури кои се користат и на 95 од нив пронашле стрептококи, страфилококи и други патогени. Испадна дека тастатурите се највалкана подлога на целото одделение на интензивна нега.
Со оглед на тоа колку често го користиме компјутерот и не е чудо што несчистотијата се таложи помеѓу копчињата. Не е реткост ни над тастатурата истовремено да се јаде, пишува, кашла и кива.
Се поставува прашањето колку често треба да се чисти тастатурата, на кое поголем дел од микробиолозите одговара дека тоа е неопходно да се прави најмалку еднаш неделно. Американските лекари и медицински сестри порачуваат тастатурите да се дезинфицираат што почесто, а миењето на рацете пред и по секое користење на тастатурата е обврзно, посебно во сезона кога владеат грипот и настинки.
Ако само вие ја користите тастатурата, тогаш поголем дел од бактериите се ваши, па доволно е да ја испрскате со некое дезинфекциско средство и да ја избришете. На крајот на денот избришете го и вашиот телефон, бидејќи и на него можат да се пронајдат многу патогени.