Следејќи ја денешната динамика на водење, реализација и организација на бизнисот, Македонски Телеком во пaртнерство со Microsoft го збогати своето портфолио за бизнис корисници со нова услуга.
Почнувајќи од денеска, на компаниите им е достапна Office 365 услугата кој ги вклучува добро познатите Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook), коишто може да се користат инсталирани локално на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп. Услугата вклучува и алатки за комуникација и тимска работа со кои компаниите ќе го освежат и трансформираат бизнисот, ќе станат поефикасни, овозможувајќи им истовремено флексибилност, сигурност и професионалност во работењето.
Office 365 е интегрирана услуга која што ги содржи сите алатки потребни за беспрекорно функционирање на една канцеларија која што станува достапна од кој било уред, во кое било време.
Услугата е совршена за компаниите кои што сакаат да бидат мобилни, односно надвор од својата канцеларија и во истовреме продуктивни и постојано во тек со бизнисот. Со Office 365 компаниите ќе ја подобрат соработката со клиентите, ќе бидат во тек со работата преку складирање, синхронизирање и споделување на податоци со вработените и соработниците, преку интернет во реално време.
Сите документи, контакти и комуникцијата со бизнис партнерите и вработените коишто компаниите ги креираат преку апликациите и услугите содржани во Office 365 се достапни секој ден 24/7, на сите уреди, во секое време и на секое место. Услугата е лесна за имплементација и управување, без потреба од напредно ИТ познавање.
На компаните им се достапни неколку Office 365 пакети кои што се креирани согласно нивните потреби. Повеќе информации за достапната понуда, корисниците можат да добијат на 120 или на веб страницата http://ict.telekom.mk/office-365.nspx.