Американските и британските научници случајно направиле ензим кој може да уништи пластика, што би можело да помогне во решавањето на глобалниот проблем со тој вид на загадување, соопштено е во ново истражување.
Повеќе од милиони тони пластика завршуваат во светските океани секоја година, со што се зголемува загриженоста поради токсичноста и влијанието на здравјето и животната средина.
И покрај напорите за рециклирање, голем дел од пластиката може да опстане стотина години, а научниците поради тоа наоѓаат начин како пластиката најдобро да се уништи.
Истражувачите од Велика Британија и САД вложиле напори во испитување на бактериите неодамна откриени во Јапонија под стручно име “ideonella sakaiensis”.
Таа бактерија се храни со еден вид на пластика која се користи за производство на шишиња. Јапонските научници веруваат дека таа бактерија би можела лесно да се размножува во центрите за рециклирање, но британските и американските научници со понатамошно истражување на бактеријата извлекле и еден нејзин ензим, кој без знаење на научниците мутирал и станал поопасен за пластиката од самата бактерија.
Научниците, кои самите навеле дека и среќата некогаш игра улога во истражувањата, сега ќе вложат дополнителни напори во истражувањето на тој ензим, за истиот во процесот на рециклирањето подобро да ја уништува пластиката.