Првиот кинески минибус без возач беше претставен на автопат во Фужу, во кинеската провинција Фуџијан. Минибусот го имаше своето деби пред самитот Digital China, кој се одржува од 22 до 24 април.
Apolong е првиот кинески автономен автобус, кој сега бесплатно може да го испроба целата јавност која ќе го посети главниот центар каде што се одржува самитот Digital China, Fuzhou Strait International Conference and Exhibition Center. Автобусот го развија заедно технолошкиот гигант Baidu и компанијата Xiamen King Long United Automobile.
Apolong може да избегнува пречки, да ја перципира околината и да покажува мапи во висока резолуција во реално време, да планира оптимални рути и да носи соодветни возачки решенија преку предвидување на активностите и намеритe на возилата и на пешаците.
Возењето автономни возила патниците го сметаат за постресно отколку возењето обични автомобили, покажа едно германско истражување. Се чини дека спротивно на популарното мислење, постојните технологии за автономно возење се перципираат како фактор кој предизвикува дополнителен стрес наместо да се сметаат за корисна помош.
Иако истражувањата предвидуваат дека зголемувањето на бројот на автономни возила во светот ќе доведе до помал број жртви на сообраќајни незгоди, експертите немаат таков оптимистичен став.
Поврзани артикли