Германскиот производител на автомобили Audi повторно повлече автомобили од продажба со бензиски 2.0 TFSI мотор поради проблеми со пумпата на ладилникот. Поради постоење на опасност пумпата на течноста за ладење да предизвика пожар предизвикан од влага или запушување, Audi повлече 1,1 милиони возила од целиот свет.
Сервисната акција се однесува на моделите A5 произведени 2013-2017 година, Q5 од 2013-2017, A4 2013-2016. и A6 2012-2015 година. Audi и минатата година се обиде да го реши овој проблем со доработка на софтверот, кој требаше да обезбеди прекин на доводот на струја во пумпата во случај на запушување или на неисправна работа, но очигледно таа метода не беше успешна.