Mercedes-AMG E 53 4MATIC+ ќе го замени стариот E 43. E 53 е достапен како лимузина и караван, а неговиот шестцилиндричен 3,0-литарски мотор со турбополнач кој пристигнува од AMG.
Поседува 48-волтен електричен систем и стартер-алтернатор кој се наоѓа помеѓу моторот и менувачот. Моторот со внатрешно согорување развива 429 коњски сили и 520 Nm вртежен момент, а системот наречен EQ Boost овозможува дополнителни 22 коњски сили и 259 Nm вртежен момент.
За разлика од него, моделот Е 53 ќе има идентични перформанси со тоа што ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 250 км/ч. Опциониот пакет AMG Driver’s Package ја зголемува максималната брзина на 270 км/ч.
Новиот модел е достапен со 4MATIC+ погон на сите четири тркала, а моторот е усогласен со деветстепен автоматски менувач кој AMG го подобрил.