Хуманоиден робот кој се трансформира во автомобил за 60 секунди, претставен е денеска во Јапонија.
Роботот RAJD го направи Кенџи Ишада, директор на Brave robotics, пренесе Ројтерс.
„Растев верувајќи дека оботите треба да бидат способни да прават такви работи и тоа стана моја мотивација да развијам ваков робот“, изјави Ишада за британската новинска агенција.
Сино-белиот робот висок 3,7 метри може да превезе двајца патници кога ќе се трансформира во автомобил.
Поединци гледаат на овој робот како на скапа играчка, но тој е направен за да ги инспирира другите, вели Ишида.