Научниците од Германија откриле рекордна микропластична содржина во мразот на Арктикот. Во примероците од замрзнати води, пронајдени се 17 различни видови пластика. Дијаметарот на сите честички не надминува 5 мм, што е опасност за морски живот доколку навлезе во телото.
Експертите собраа примероци од пет зони на Арктичкиот Океан во пролетта 2014 година, а исто така и следното лето. Како резултат на тоа, беше детектирана концентрација на повеќе од 12.000 различни честички на 1 литар морски мраз, што е два до трипати повисоко од вредностите од претходните студии.