Новата услуга YouTube Remix ќе ја замени тековната платформа на Google Play Music. Претплатниците на тековната услуга ќе мора да мигрираат кон новата од крајот на годината. Самиот YouTube Remix е планиран од крајот на минатата година и неговата примарна цел е да обезбеди повисоки приходи од платформата за споделување видео.
Според началникот на музичкиот оддел на Google, Лиор Коен новиот предлог ќе го обезбедува најдоброто од сегашните контекстуални сервери на Google Play Music и огромниот каталог на YouTube. Тој додаде исто така дека почетокот на новиот предлог е забавен, бидејќи проектот бил со огромен волумен, а од Google сакале да понудат нешто со што ќе се гордеат.
Според гласините, YouTube Remix ќе понуди различна музика во различни периоди од денот и ќе понуди повеќе различни плејлисти. Засега се уште не се јасни ценовните параметри на YouTube Remix, како и дали корисниците на Google Play Music ќе можат автоматски да ги пренесуваат своите библиотеки. Google рече дека тие веќе се приклучиле на тимовите на двете услуги и дека ќе ги информираат претплатниците доволно рано за нивните понатамошни намери.
Поврзани артикли