Google се пофали дека од октомври 2017 година досега има избришано дури 8,3 милиони видеа од својата платформа за споделување видеосодржини YouTube По жестоките критики минатата година, кога на YouTube многумина му забележаа дека недоволно ги проверува содржините кои се објавуваат, Google одлучи да направи вистинска чистка.
За да го реализира тоа ги унапреди и алгоритмите за машинско учење, односно вештачката интелигенција која оневозможи дополнителни 6,7 милиони нови видеа никогаш да не се објават. Од Google наведуваат дека освен вештачката интелигенција, за проверка и бришење на видеата се задолжени и 10.000 вработени, што значи дека сериозно сака да се фати во костец со овој проблем.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли