Кинеската компанија Ulefone уште во февруари во Барселона го најави својот паметен телефон „Power 5“, кого го одликува батерија со рекорден капацитет од 13.000 mAh.
Сега овој уред стана официјален, а првите нарачки ќе може да се примаат веќе од денеска (24. април). Покрај споменатата батерија со огромен капацитет, вреди да се спомене и можноста за нејзино брзо, но и безично полнење.
Oд останатите карактеристики, Ulefone Power 5 има четири вградени камери. На задната страна се наоѓа комбинација од Sony IMX230 сензор од 21 мегапикели и Sony сензор со оптичка стабилизација на сликата од 5 мегапиксели. Уредот на предната страна има комбинација од два сензори од 13 и 5 мегапиксели.
Телефонот поседува 6-инчен FHD+ екран, чипсет MediaTek Helio P23, 6GB RAM и 64 GB интерна меморија.
Сензорот за отпечаток на прстот се наоѓа од страна (по примерот на постарите уреди на Sony), a постои и можност за отклучување на уредот со препознавање на лицето.
Ulefone Power 5 го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo.
Извор: B92.net