За само една недела LG ќе го претстави новиот „флегшип” смартфон, G7 ThinQ. Но, како што протекуваат информациите, изгледа дека ќе дознаеме сѐ за овој смартфон додека тој да ја доживее својата премиера.
Познатиот откривач Еван Блас, кој често протекува информации за телефоните на најголемите компании, вчера на неговиот Twitter профил го откри дизајнот на LG G7 ThinQ.
Иако до вчера не беше познат дизајнот и конечниот изглед на G7 ThinQ, сепак доволно информации протекоа откако LG го најави овој модел. Овој смартфон доаѓа во пет бои, ќе ја има опцијата да го скрие неговиот засек со тоа што ќе го затемни горниот дел од екранот, и ќе има посебно копче на страничниот дел кое ќе служи за активирање на AI асистентот на Google.
Исто така, соопштено е дека ќе има 6-инчен LCD екран со резолуција 2880 х 1440 пиксели, Qualcomm Snapdragon 845 процесор, Adreno 630 графика, 128 GB интерна меморија и 6 GB RAM, microSD слот за картичка до 400 GB, предна камера од 8 и задна од 16 мегапиксели со LED блиц.
Со официјализирањето на името ThinQ за овој телефон, јасно е дека LG нема да се откаже од ваквото брендирање на нивните телефони кои поседуваат вештачка интелигенција. Компанијата вчера дури и обезбеди апдејт на софтверот на минатогодишниот модел V30 и откако ќе се апдејтува, тој ќе биде познат под името V30 ThinQ.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли