Се поголеми се очекувањата дека вештачката интелигенција ќе стане незаменлива на низа работни места на кои луѓето ќе бидат заменети со роботи.
Тоа предизвика широко распространета паника дека во светот ќе постои пекол за невработените, бидејќи машините се поевтини и можат да работат подолго време без одмор.
А сега британскиот писател, Др. Иан Пирсон, предвидува дека бројот на роботи на Земјата ќе порасне на 9,4 милијарди до 2048. година.
Футурологот вели дека роботите до тој момент ќе станат “емоционално интелигентни”.
Неговите предвидувања се засновани на претпоставката дека бројот на роботи ќе расте за петина секоја година. Ако тоа темпо се забрза, бројот на роботи би го надминал бројот на луѓе уште во 2033. година.
Истражувањето во кое учествувале 2.000 Британци открило дека 71 процент од испитаниците се плашат од подемот на интелигентните роботи во општеството и речиси 6 од 10 анкетирани Британци во роботите гледаат некој вид на закана за иднината на општеството.
Повеќе од половина од анкетираните исто така рекле дека веруваат дека научниците нема да можат да го контролираат подемот на вештачката интелигенција.
“Денес глобалната популација на роботите веројатно е околу 57 милиони. Тој број брзо ќе расте во блиска иднина, па во 2048. година роботите ќе ги надминат луѓето”, вели Пирсон. Ако се прифати забрзувањето на пазарот, според неговите зборови тоа би можело да се случи веќе во 2033. година.
До 2028. година, некои од тие роботи веќе би можеле да имаат вистински емоции и да даваат адекватни одговори.
Истражувањето исто така покажало дека 43 проценти од луѓето се плашат дека роботите ќе ја преземат контролата над општеството, додека 37 проценти од нив се плашат дека роботот би можел да стане и поинтелигентен од човекот.
Исто така, 25 проценти од испитаниците рекле дека се плашат дека можеби нема да можат да разликуваат роботи од луѓе, а 16 проценти се плашат од можноста луѓето да имаат врски со роботите.