Huawei го прошири присуството на пазарот на брендот Honor кај ултрабук компјутерите, а првиот модел се нарекува Honor MagicBook.
Лаптопот нуди алуминиумско куќиште кое е дебело 15,8 mm и тежи 1,47 kg. Екранот е со дијагонала 14 инчи и нуди FHD резолуција. Користениот IPS панел обезбедува сооднос на контрастот од 800:1 и осветленост од 250 нити.
Honor MagicBook е опремен со Intel i5-8250u или i7-8550u процесор и има 8GB RAM и 256GB SSD. И двете верзии на лаптопот се со графичката картичка Nvidia MX150 со 2 GB GDDR5 RAM меморија. Ладењето е заедничко за процесорот и видео картичката, а батеријата има капацитет од 57,4 Wh и овозможува до 12 часа на работа со едно полнење. Батеријата поддржува брзо полнење и достигнува до 70% од капацитетот за еден час.
Освен тоа, Honor MagicBook вклучува четири звучници Dolby Atmos и двоен микрофон. Уредот исто така има сензор за отпечатоци.
Цената на лаптопот започнува со 4.999 јуани (646 евра) за i5 процесорот и достигнува 5.699 јуани (737 евра) за i7. Засега е потврдено само присуството на кинескиот пазар.