Непосредно пред Денот на планетата Земја (22 април), Apple го претстави својот нов Daisy робот, дизајниран да ги демонтира и рециклира старите iPhone уреди.
Daisy е развиен како наследник на роботот Liam и ќе може да демонтира девет различни варијанти на iPhone и да демонтира 200 уреди во рок од еден час без оштетување на било кој од нив.
Компанијата, исто така, го објави лансирањето на програмата GiveBack, која ќе трае до 30-ти април. За секој телефон што клиентите го враќаат во продавницата на Apple или на интернет за рециклирање или замена, компанијата ќе донира на Conversation International, организација за заштита на животната средина.
Клиентите ќе добијат кредит во продавницата или Apple Gift Card.
Кампањата, природно, е дел од долгогодишните напори на Apple да се прогласи за „зелена“ компанија – тие неодамна објавија дека 100% од нивните глобални објекти се напојуваат со чиста енергија.
Поврзани артикли