Имаме нов лидер кога е во прашање брзината на најпопуларната класа на автомобили во светот.
Јапонец од тронот го смени Јапонец, новиот најбрз SUV на светот е Nissan Qashqai-R.
Специјалната верзија на Qashqai има 2.000 коњски сили со агрегат од GT-R и достигнува максимална брзина од 382,7 километри на час.
Британската куќа Severn Valley Motrosport (SVM), го подготви овој Nissan кој го надмина резултатот на досегашниот рекордер Toyota Land Cruisera (370 километри на час).
Qashqai на приватна стаза долга 3,2 километри ги надмина дури и суперавтомобилот Koenigsegg Agera RS (356,1 километри на час).