Еден од се популарните бренд за смартфони, особено за оние со поплитки џебови, Leagoo, се подготвува за лансирање на пазарот нов модел кој ќе биде конкуренција за лидерите на пазарот со тројна главна камера. Во прилог на тројната камера, новиот модел Leagoo S10 ќе се одликува и со засечени агли во горниот дел на екранот (слично како кај iPhone X) и сензор за отпечатоци кој се наоѓа под екранот, кој пак има дијагонала од 6 инчи. Смартфонот ќе работи со процесор Snapdragon 845 или Helio P60, но официјално се уште нема потврда. Се очекуваат две конфигурации на уредот – со 6GB RAM и 128GB меморија, како и варијанта со 8GB / 256GB.
Компанијата е официјален спонзор на Тотенхем и најави дека премиерата на новиот Leagoo S10 модел ќе се случи на 18 април, за време на изложбата “Hong Kong Global Sources Exhibitions”. Специјалниот настан е насловен како “LEAGOO X”.
На истиот настан ќе има и промоција на Leagoo S9 Pro, кој има 6,18-инчен екран и користи чипсет MT6763, надополнет со 4GB RAM и 64GB постојана меморија.