Помалку од два месеци откако Sony на Mobile World Congress го претстави Xperiju XZ2, компанијата повторно го привлече вниманието со новиот Xperia XZ2 Premium.
Станува збор за уред со прилично ист дизајн како и XZ2, но разликата е во тоа што овој телефон има подобар екран, камера, батерија и уште некои „интересни“ спецификации. XZ2 Premium ќе биде пуштен во продажба во текот на летото, а засега не е познато по која цена ќе се продава.
Новиот XZ2 Premium пристигнува со 5,8-инчен 4К екран со Full HD+ резолуција и поддржува снимање на HDR видеа.
Сепак, најдоброто подобрување е кај двете задни камери – XZ2 Premium наместо да има камери за телефото/зум, од Sony одлучија да го опремат XZ2 Premium со сензор во боја од 19 мегапиксели и монохрона камера од 12 мегапиксели. Максималниот ISO при фотографирање кај XZ2 Premium изнесува 51,200, додека снимањето на видеа е 12,800.
Монохроната камера ќе биде задолжена за перфектни црно-бели фотографии, а телефонот ќе може да сними и видеа во slow-mo резолуција од 1080p. На предната страна е поставена селфи камерата од 13 мегапиксели, додека кај стандардниот модел има камера од 5 мегапиксели.
За разлика од моделот XZ2 кој што има 4 GB RAM, моделот XZ2 Premium има 6 GB RAM меморија, додека пак телефонот исто така има батерија со капацитет од 3.540 mAh. И двата уреди имаат оперативен систем Android 8.0 Oreo и опремени се со процесор Snapdragon 845.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли