Американските научници измислиле поткожен чип кој може да го мери нивото на алкохол во крвта. Уредот ја скенира ткивната течност и реагира на хидроген пероксид, кој се ослободува за време на оксидацијата на етил алкохолот. Тоа, пак, во чипот делува како катализатор на реакцијата.
И покрај фактот што пронајдокот нема сопствена батерија, изворот на енергија може да биде надворешен, на пример, паметен часовник. Специјалисти од Универзитетот во Калифорнија кои го развиле чипот, веќе го тестирале на кожата на свињи. Сега се подготвуваат и други студии на животни.
Според научниците, уредот може да биде корисен за пациенти кои се лекуваат од зависност од алкохол, бидејќи тие тешко се контролираат и не секогаш успеваат да дадат крв за анализа навреме.
Поврзани артикли