Климатолозите и специјалисти за истражување на вулканската активност од Универзитетот Клермон-Оверн во Франција, сметаат дека како резултат на масовни вулкански ерупции или почеток на активност на супервулканите како оној под паркот Јелоустоун во САД, голем дел од нашата планета за 5 минути ќе стане не-одржлива територија.
Катаклизмата може да доведе до исчезнување на цели градови, па дури и на цели земји. Експертите се убедени дека топењето на глечерите и зголемувањето на температурите на планетата во следните неколку децении ќе доведат до масовни ерупции на сите вулкани, кои претходно биле сметани за неактивни. Според нив, ниските температури и топењето на мразот на Антарктикот само ќе ја влошат ситуацијата.
Човековата активност е главен виновник што работите се дојдени до ситуација на глобална катастрофа. Климатските промени несомнено ќе влијаат и на вулканите чија активност претходно се сметаше за хипотетичка.