Google заинтересирани за купување Nokia Health

„Нокиа“ наскоро ќе ја финализира продажбата на својот оддел за здравствени производи, кој главно се состои од средствата на „Витингс“, француска компанија, купена во 2016 година.

Во соопштението се наведува дека меѓу заинтересираните купувачи се наоѓа „Нест“, која до неодамна беше дел од „Алфабет“, а од февруари се спои со хардверскиот оддел на „Гугл“.

Другите кандидати се две француски компании и една од земја која не е членка на ЕУ, објави францускиот финансиски дневен весник „Лес Екос“.

Според извори на „Верабл“, „Нест“ е во неповолна положба по скандалот во „Кембриџ Аналитика“, бидејќи француската Влада е загрижена дека продажбата на „Нокиа хелт“ на „Гугл“ нема да биде добро прифатена во сегашните услови.

Неодамна, француските власти започнаа иницијатива насочена кон зајакнување на локалните истражувања во областа на вештачката интелигенција. Значи, не е изненадување што владата се обидува да ја продаде „Нокиа“ на француски купувач, кој ќе го исфрли „Нест“ надвор од трката.

Во меѓувреме, „Гугл“ го проширува своето присуство во Франција со нов истражувачки центар. Од „Верабл“, пак, додаваат дека најдобро за „Гугл“ би било да инвестира во француски компании кои се кандидати за „Нокиа Хелт“, наместо да се обидува сам да ја купи.