Компанијата HMD Global, после неколку нови Nokia модели прикажани на MWC 2018 саемот, подготвува уште еден нов паметен телефон, кој најверојатно ќе го носи името Nokia X.
Моделот веќе е забележан во Кина, а се појавија и рекламни тизери кои сугерираат дека наскоро ќе биде најавен. Според медиумите, официјалната промоција на Nokia X ќе биде на 27 април.
Според непотврдени информации, новата Nokia ќе има две верзии – со 4ГБ или 6ГБ рам, Qualcomm Snapdragon или MediaTek процесор и најверојатно ќе биде наменет за средниот сегмент на пазарот.
Тоа што не е познато е дали новата Nokia ќе биде наменета за светскиот пазар или ќе се продава само во Азија.
Поврзани артикли