Дваесет и девет вработени во компанијата „Епл“ минатата година со медиумите споделиле тајни информации во врска со развојот на производи. „Енгаџет“ повикувајќи се на интерен блог на „Епл“ објави дека дванаесет од нив се уапсени.
– Оние кои пренесуваат тајни информации од „Епл“ не ги губат своите работни места. Во некои случаи тие се апсат и казнуваат за упад во мрежата и кражба на деловни тајни, што се смета како федерално кривично дело, се наведува на блогот на компанијата.
Компанијката во обраќањето до вработените нагласува дека „успехот на овие аутсајдери (новинарите) се мери со добивањето информации за тајните на „Епл“ и нивно објавување“,
„Епл“ при тоа порачува дека нејзин вработен ризикува да „загуби се“, доколку објавува деловни тајни.
Ова не е прв пат компанијата од Купертино да се обидува да спречи протекување информации. На брифинг минатата година, „Епл“ објави дека во 2016 година повеќе инфомации „протекуваат“ од седиштетот на компанијата, отколку од нејзините синџири за снабдување.
„Епл“ претходно отпушти од работа еден инженер, кој го новиот „Ајфон Х“ и го покажал на неговата ќерка.