Инженерите на Mozilla развија алгоритам кој што ќе ја блокира можност веб страните да ја следат вашата интернет активност. Оваа функција е овозможена за корисниците на Mozilla на iOS системите. Алгоритмот ги запира вградените алатки на страниците кои го следат она што го правите онлајн. Функцијата е наречена „Tracking Protection“ и заштитува од најчесто користените методи на големите огласувачи и компании како Гугл и Фејсбук.
Според официјалните податоци на „Mozilla“, оваа нова опција е стандардно овозможена за „iOS“ мобилни уреди, информира „CNet“. Компанијата додаде дека тие посветуваат посебно внимание на безбедноста на корисниците и ова продолжува да биде главен приоритет во „Mozilla Firefox“. Новата функција се очекува да биде достапна за сопствениците на паметни телефони на Android во подоцнежната фаза на годината. Тоа е причината зошто компанијата нуди различни можности за контрола на информациите што се споделуваат за нашата Интернет активност.
Другите предности на „Тracking Protection“ се поврзани со брзината на вчитување на веб-сајтовите, како и фактот дека обезбедува подолг живот на батеријата. Во иднина ќе се работи и на подобрување на можностите на функцијата за блокирање на поголем број рекламни формати и алатки за шпионирање на корисниците. „Mozilla Firefox“ е популарен десктоп прелистувач кој не се користи толку често на смартфоните, но со слични иновации компанијата може да ги натера луѓето повеќе да ги тестираат можностите на мобилната верзија.