Дизајнерското студио Takieso Graft Design разви модерен волнен, маус пад кој што може безжично да го полни вашиот смартфон. Уредот, наречен MousePad+, во моментов е на Kickstarter, а има почетна цена од 29 долари.
Безжичниот полнач е прекриен со кафеава, црна или сина кожа, во зависност од вашиот избор, додека маус падот е волнен. Може да се вклучи директно во вашиот лаптоп или компјутер, а компанијата го рекламира како лесно портабилен, бидејќи може да се замота и да се стегне со кабелот.
Се очекува MousePad+ да почне да се продава од август 2018 година, но бидејќи се работи за Kickstarter проект, таа дата може да варира. Компанијата се обидува да собере 15 илјади долари, а веќе имаат собрано една третина од парите.
Фото: Takieso Graft Design