Компјутерскиот криминал е се по исплатлив, бидејќи криминалците заработуваат и до два милиони евра годишно – исто колку и извршните директори на некои компании, тврди фирмата за безбедност на интернет „Бромиум“ во нивниот последен извештај.
– Еден сајбер криминалец во Велика Британија троши по околу 2 илјади фунти на проститутки, друг троши повеќе од еден милион евра на скапи спортски автомобили и казина во Лас Вегас. „Просечените“ хакери заработуваат малку помалку од еден милион евра годишно, а почетна плата во кибер криминалот е околу 50.000 евра, тврдат од „Бромиум“ во нивниот извештај.
Студијата е изработена од Универзитетот Сари, при што е утврдено дека кибер криминалците се многу професионални и ја копираат структурата на легитимните технолошки компании како „Убер“ и „ЕрБнБ“.
„Бромиум“ истакнува дека хакерите ретко одговараат пред законот бидејќи виртуелно се невидливи, а за властите еден од најголемите предизвици е да уапсат професионален хакер.
Поврзани артикли